Полнети домати со пченица
Состојки
- 50 гр пченица
- 4 домати
- 4 млади кромидчиња
- 3 чешниња лук
- 2 лажичиња сецкан македан
- зачини
Подготовка
1. Издробената пченица се става 10 мин да кисни во врела вода.
2. Се сечат доматите при што горниот дел им се остава за да можат потоа да се поклопат да им се стави како капаче. Со лажиче им се вади месото на доматите се сецка, се додава во другите сецкани работи и се пржи на загреано масло, пченицата се цеди и се додава во тавчето кај што се пржат другите работи.
3. Со така приготвената смеса се полнат доматите и на крај се затвараат ...се печат во рерна околу 10 мин.
4. Се служаи и топли и ладни по желба