Испечати

Американски колачи (Американ кукис)

Американски колачи (Американ кукис)

Состојки

  • 2 Јајца
  • 150 гр. Шеќер
  • 200 гр. Маргарин или путер
  • 400 гр. Брашно
  • 1 Пециво
  • 1 Ванила
  • 200 гр. Млечна чоколада

Подготовка

Јајцата, шеќерот и маргаринот се матат додека маргаринот не стане пенест. Потоа се додава брашното, пецивото, ванилата и се меси убаво со рака. Откако ќе се измеси се додава млечната чоколада претходно исецкана на мали коцки. Повторно малку се замесува. Од тестото се формираат топчиња и на плех обложен со хартија за печење се редат колачињата со растојание од 3-4 см. Се печат 7-8 мин. на 200 степени.
Одлични се се кафе или како.