Прелиена пита со месо
Состојки
- 500 гр. тенки кори
- Фил*
- 500-700 гр. мелено месо
- 130 мл. масло
- 2 средни главици кромид
- 1 рака сечкан магдонос
- 1 лажица мешан сув зеленчук
- малку сол и бибер
- Прелив*
- 4 јајца
- 200 мл. јогурт
- 200 мл. кисела вода
- малку сол
Подготовка
1. Во тава за пржење го ставаме маслото и го пржиме ситно исечканиот кромид колку да омекне.
2. Го додаваме месото, биберот, мешаниот сув зеленчук, малку сол и сето тоа го пржиме околу 15 мин. додека месото убаво не се испржи со повремено мешање.
3. На крај го додаваме ситно исечканиот магдонос уште малку кратко пржиме и ја тргаме тавата на страна.
4. Во намастена тава за печење ставаме две кори една врз друга и ставаме од филот. Потоа пак редиме две кори па пак фил и на крај треба да ни останат две кори празни за одозгора.
5. Вака спремената пита ја сечеме на коцки и ја преливаме со претходно подготвениот прелив...(јајцата ги матиме и го додаваме јогуртот и киселата вода) и рамномерно ставаме насекаде од преливот.Питата ја оставаме 15 мин да отстои за преливот да се впие во корите.
6. Печеме во загреана рерна на 200 Ц. 30 мин.
7. Печена повторно ја засекуваме на истите места.