Испечати

Лешник баклава

Лешник баклава

Состојки

  • 1кг кори за баклава
  • 400гр печени мелени лешници
  • 400гр шеќер
  • 8лажици мелен двопек
  • шербет
  • 1кг шеќер
  • 1/2л вода
  • 1/2 лимон
  • 2 ванили
  • прелив
  • 250гр маргарин и зејтин по потреба околу150мл

Подготовка

На дното од плехот прво се редат три кори кои се прскаат со зејтин. Потоа секоја се мачка со зејтин(тоа најубаво со четка се работа) а секоја втора се наросува со фил. Така се прави додека се потрошат сите кори. Маргаринот се топи и се прелева баклавата, а краевите со нож се подпикуваат одоздола. Баклавата се сече во саканата форма и се пече прво 5 мин на 250, а потоа уште 40 минути на 200 додека не се добие убава крцкава кора.

Шербетот се вари прв и се остава да се олади, а потоа се прелива воз врелата баклава.
За филот се мешаат сите суви состојки во поголем сад и обично оди 3-4 лажици на кора.
Оваа доза е за плех од шпорет бр 40.