Испечати

Бисквит торта

Бисквит торта

Состојки

  • 1 кг бисквити
  • 1 л хопла
  • 300 гр еуро крем
  • 100 гр страчатела
  • 100 гр бело чоколадо за готвење
  • малку млеко
  • 200 гр мелени плазма бисквити
  • 1 шлаг пена
  • 200 мл млеко

Подготовка

Хоплата ја матиме со миксер и ја делиме на два дела со тоа што едниот да биде поголем. Во поголемиот ставаме 300 гр еуро крем, а во другиот чоколадото претходно растопено на пареа и страчателата.
Бисквитите ги макаме во млеко и ги редиме во послужовник. Еден ред бисквити потоа премачкуваме со филот со еуро крем, па пак ред бисквити, па филот со страчатела, уште еден ред бисквити и пак од филот со еурокрем. Ја матиме шлаг пената со млекото и ја премачкуваме тортата со неа. Одозгора поросуваме со мелените плазма бисквити и декорираме со чоколаден прелив.