Испечати

Визитарски колачи со еурокрем

Визитарски колачи со еурокрем

Состојки

  • 300 гр. бело чоколадо
  • 3 лажици бел еурокрем
  • 3 лажички масло
  • 100 гр. лешници
  • 100 гр. бадеми
  • 100 гр. ореви

Подготовка

Лешниците,бадемите и оревите малку се потпекуваат и фино се сечкаат (или толчат).
Во сад над пареа,се топи чоколадата и се додава масло и 3 полни лажици еурокрем,од белиот дел.Убаво се промешува и се соединува со преостанатите состојки.Додека е сеуште топла,смесата се става во силиконски калапи или во хартиени корпиња и се оставаат да се оладат.