Испечати

Урнебес салата

Урнебес салата

Состојки

  • 300 гр урда
  • 100 гр сирење
  • 1 павлака
  • 1 краставица
  • 2 чешниња лук
  • 3 лажици буковец
  • 2 лажици маслиново масло
  • прстоват куркума
  • пола мало лажиче сол
  • прстоват кориандер

Подготовка

Урдата и сирењето добро се промешуваат. Се додава павлаката, ситно сецкано лукче и сите останати зачини, освен краставицата. Добро се промешува. Краставицата се лупи, сецка и се реди во тањир, а потоа се додава урнебес салатата. Одозгора се попрскува со кориандер и малку сол. Украсете со маслинки.
Брза и лесна салата да се освежите
Добар апетит