Испечати

Мешана зелена салата со прелив

Мешана зелена салата со прелив

Состојки

  • За дресинг
  • 1/ 4 чаша од 200 мл. кисела павлака
  • 1/4 лажичка лук во прав
  • 1/4 чаша од 200 мл. мајонез
  • 1/4 лажичка сол
  • 1 лажичка мелен бибер
  • 2 лажици млеко пресно
  • 2 лажици јаболков оцет
  • За салата
  • количина и зеленчук по ваш избор

Подготовка

1. Сите состојки за дресингот се ставаат во сад, се мешаат. Се одложува во фрижидер и ладен се залива врз салатата пред самото изнесување на салатата.
2. Се сецка зелка, морков, марула, краставици - се мешаат и пред самото изнесување на масата се залива со дресингот. Често пати мешам бела и црвена зелка, кромид, краставица, морков, марула. родоква... па сето ова залиено со дресинг. Одлична слатичка.
Овој дресинг може да послужи за залевање и на други салати.