Корпички
Состојки
- за тесто потребно
- 1 јајце
- 100гр прах шекер
- 150гр маргарин
- 300гр брашно
- 1 ванила
- за филот
- 150гр шекер
- малку вода
- 100 гр чоколада
- 100 гр мелени ореви
- 100гр мелени бисквити
- 1 лаж маргарин
Подготовка
Тестото се замесува од состојките, се прават мали топчиња и се притискат во алуминските калпчиња во средината да имат длабнатинка и се печат.
Подготовка на кремот. Се става шеќерот во тенџере се сипува вода да го облее шеќерот се става да зоврие, се додава чоколадата и една лажица маргатин оревите и мелените бисквити . Смесата да биде ни ретка ни густа. Испечените и оладените корпи се полнат со оладен крем и се декорират по желба.