Марула салата со италијански прелив
Состојки
- 1 марула
- 3 варени јајца
- Прелив
- 250 мл. масло
- 60 мл. лимонов сок
- 70 мл. оцет
- 1 лажиче сол
- 1 лажиче шеќер
- 1 лажиче сенф
- 1/2 лажиче црвен пипер
- 1/2 лажиче оригано
- низ прсти мајчина душичка
- 2 чена лук (втиснат во преса за лук)
Подготовка
За преливот сите состојки убаво измашајте ги да се соединат.
Ставете го во фрижидер најмалку 4 саати.
Пред употреба убаво измешајте го.
Марулата насецкајте ја и прелите ја со прелив по вкус.
Декорирајте со варени јајца.
Преливот е многу вкусен. Може да стои во фрижидер подолго време затворен во тегла.
Може да се користи и како прелив за пилешко месо (преливот го ставате пред печење)