Салата од печени пиперки

Состојки
- 6 црвени пиперки
 - 4-5 чена бел лук
 - 1 китка магдонос
 - 6 лаж. масло од коноп (мозе и сончогледово)
 - 1 лаж. Ацето Балзамико
 - 3 лаж вински оцет
 
Подготовка
Пиперките испечете ги и излупете.
Поредите ги во сад со капак (може и пластичен) .
Посипете ги со ситно насеканиот лук и убаво посолете по вкус.
Оцетот и ацето балзамико убаво промешајте ги и додадете го маслото-соедините.
Посипете по пиперките и убаво посипете со насецканиот магдонос.
Нека отстои барем 1 саат во фрижидер пред сервирање.