Испечати

Сос од цвекло и јогурт

Сос од цвекло и јогурт

Состојки

  • 200 мл. јогурт
  • 50 гр. цвекло
  • по ваш вкус сол
  • 1 лажица сецкан кромид

Подготовка

Изрендајте го цвеклото, ситно насецкајте го или изрендајте го кромидот и додадете го во садот каде што сте одмериле јогуртот. Посолете по ваш вкус и уживајте.
Послужете како прилог на скара или риба... а јас најчесто го користам како прелив на компир салатата.
Можете слободно да користите маринирано цвекло... спој невероватно освежителен.
Во овие топли летни денови нема време да го користам како прелив... едноставно си спремам и лажицата ... па минава и така.
Лесно, брзо, освежувачко
Бон Апетит!