Домашни ќофтиња
Состојки
- 300гр мелено месо
- 1 главица кромид
- 3 чешчиња лук
- 3 јајца
- 5 лаж вода
- 3 лаж масло
- 5 лаж брашно
- 1 мала лаж пециво
- 1 лаж вегета
- по вкус сол
- малку бибер
- китка магданос
Подготовка
Во меленото месо се додава рендан кромид и лук јајцата, водата, маслото, брашното, пецивото, зачините (сол,вегета, бибер и магданосот) се убаво се промешува и се остава половина час да отстои. Потоа се стават со помош на лажица во загреано масло и се пржат од двете страни.