Мешана зелка салата
Состојки
- 1/2 главица зелена зелка
- 1/2 главица црвена зелка
- 2 свежи моркови
- 2 главици свежо цвекло
- 1-2 лукче ситно насецкано
- 1 лаж. балзамик оцет
Подготовка
Зелката ситно насецкајте ја, а морковот и цвеклото нарендајте го.
Додадете масло и 1 лаж. вода и оставете нека отстои така 15тина мин.
Сега поселете ,додадете го балзамик оцетот и биберот по вкус и убаво промешајте.
Додадете уште малку оцет да го добиете саканиот вкус, промешајте и сервирајте со маслинки како декорација.