Испечати

Македонска салата

Македонска салата

Состојки

  • 1 главица кромид
  • 1 зелена пиперка
  • 200 гр. овчо сирење
  • 1 краставица
  • сол по вкус
  • 3 тврдо варени јајца
  • 4-5 домати
  • 2 лажици мајонез
  • 100 гр маслинки

Подготовка

2-3 Домати и излупената краставица исечете ги на коцки, а кромидот исечкајте го ситно. Посолете ги, налејте ги со масло и лесно измешајте. Одозгора ставете ја ситно сечканата пиперка и нарендајте го сирењето.Сето ова сервирајте го во чинија
За декорација наредете ги варените јајца, одозгора над нив ставете половина 1-2 домати претходно декориран со дамки од мајонез, а од страна наредете маслинки. На карајот од чинијата нанесете сос од измешан мајонез и кечап со помош на лажиче