Испечати

Мешана салата со мисиркино месо (мисиркини гради)

Мешана салата со мисиркино месо (мисиркини гради)

Состојки

  • една мешана салата (марула)
  • 400 гр мисиркини гради
  • 250 гр пченка
  • 200 гр боранија
  • 2-3 домати
  • 3-4 лаж. маслиново масло
  • зачини сол, бибер,сушен зеленчук, и по желба ким
  • 3-4 лаж балзамико

Подготовка

Мисиркините гради ги сечкаме на поголеми коцки, ги зачинуваме со сол, бибер и ги пржиме во маслиново масло. Кога се готови ги тргаме на страна, во мегувреме ја подготвуваме зелената салата (марула) ја сецкаме на покрупно, додаваме сецкани домати исто така на поголеми парчиња, додаваме пченка, боранија, маслиново масло, балзамико, сол, бибер, и малку од сушениот зеленчук. Јас по зелба ставив и малку ким ( ми се допадна ).
Наместо со мисиркини гради, можи да се стави и пилешки гради или туна. Добар апетит !!