Испечати

Салата од бамја

Салата од бамја

Состојки

  • 200 гр многу ситна бамја
  • 3 домати
  • 5 печени пиперки
  • 1 печена лута пиперка
  • За прелив
  • 1-2 чешнина лук
  • 1/4 шоља маслиново масло
  • 2-3 лажици Ачето балсамико
  • 1/2 лажичка оригано
  • по вкус сол, бибер

Подготовка

Бамјите се чистат, се мијат и се сушат од водата.
На нелепливо тавче се става сосема малку масло и на силен оган се потпржуваат бамјите 5 - 10 мин. мешајки, додека не добијат малку боја и престанат да бидат слузави. Може да се користат и замрзнати бамји, и тие се пржат замрзнати.
Се ставаат бамјите во садот во кој ке се послужи салатата. Се додаваат исечените домати и пиперки, се меша.
Во еден мал сад се става маслиново масло, Ачето балсамико, протиснатиот лук, ориганот, сол, бибер по вкус и со мала жица се меша да стани хомогене емулзија.
Се прелева преку салатата, се меша, се дотерува вкусот.
Се сервира.