Испечати

Шпагети болоњезе со нане и морков

Шпагети болоњезе со нане и морков

Состојки

  • сос
  • 500 гр мелено месо
  • 300 гр печурки
  • 500 гр доматен сос
  • 1 главица кромид
  • 2 моркови
  • 2 лаж сушено нане
  • 1 лаж оригано
  • 500 гр шпагети

Подготовка

Има многу рецепти за шпагети болоњезе, а ова е мојот.
Кромидот се сецка ситно и се пржи на масло, се додава морковот рендан на ситната страна од рендето и печурките ситно сецкани. Се пропржува добро, па се додава меленото месо. Откога ќе се испржи се додава сосот од домати, се налева уште 150 гр вода и се остава да крчка додека да испари течноста и стане густо. Пред крај се додаваат зачините и Бон апетит