Видео рецепт: Шпагети со маслинки и капари
Состојки
Капари е прекрасна состојка која не се користи доволно во готвењето… Има природен солен вкус кој одлично оди со риба или зеленчук… Во овој рецепт ја спојуваме со маслинки , состојки кои се создадени да бидат сервирани заедно.
Состојки
- 150 грама шпагети
- 2 грста зелени и црни маслинки
- 1 грст капари
- Домати од конзерва или сечкани домати
- Сок од половина лимон
- 1 грст магдонос
- Сол и бибер
- Маслиново масло
Подготовка
Чекор 1: Да почнеме со варење на шпагетите... Ставете маслиново масло и сол во зовриена вода, прекршете ги шпагетите на половина и ставете ги во водата... Покријте со капак.
Чекор 2: Време е за сецкање: Земете ги маслинките и пресечете ги на половина, или извадете ги семките и потоа пресечете ги на половина... Користењето на маслинки со различен вкус и боја го прави јадењето богато, но можете да ставите и само еден вид маслинки.
Следно, ситно исечкајте го магдоносот… Половина ни треба за готвењето, а остатокот е за гарнирање на крајот.
Лимонот пресечете го на половина.
Чекор 3: Време е да го направиме сосот… Загрејте ја вок тавата и во неа ставете маслиново масло, а потоа ставете ги маслинките и капари да се пржат… Овие два вкуса се главните состојки на нашиот сос. Зачинете со сол и бибер и ставете ги сечканите домати... Оставете ги да крчкаат и измешаат, а потоа ставете го лимоновиот сок, па сечканиот магдонос.
По неколку минути додадете малку вода од шпагетите и продолжете да го крчкате сосот.
Чекор 4: Исцедете ја пастата и ставете ја во сосот… Убаво измешајте за состојките на сосот да ја покријат пастата, и спремни сме за сервирање...
Чекор 5: Време е за сервирање: Ставете го јадењето на средината од едноставна бела чинија за паста и потрудете се сите состојки да бидат рамномерно распоредени…
СОВЕТ: Ова секако е вегетаријанско јадење, но маслинките и капари му даваат месест и силен вкус... Можете да го сервирате и со лингвини… Брзо и извонредно вкусно летно јадење во кое можете да уживате за време на летниот одмор со чаша студено бело вино.
Користени Делимано садови за подготовка на овој рецепт: Тава со рачки; Вок тава