Колач со морков
Состојки
- 300 гр моркови
- 3 јајца
- 200 гр шеќер
- 100 мл масло
- 250 гр брашно
- 1/2 лажиче сода бикарбона
- 1 лажиче прашак за пециво
- 1 лажиче цимет
- 1 лажица нес-кафе
- Крем
- 200 гр крем сирење
- 200 гр шеќер во прав
- 1 портокал кората и сокот од половината
Подготовка
Најпрво сварете ги морковите (до половина, да не се меки)
Јајцата со шеќерот изматете ги пенливо, ставете го морковот кој претходно е изблендиран, маслото па сувите состојки.
Тепсијата намачкајте ја со масло, набрашнете ја и потоа турете ја смесата.
Печете на 180 степени. (пробајте со чепкалка)
За кремот:
Изматете го крем-сирењето со шеќерот, ставете ја кората од портокалот, сокот од половината и премачкајте го кексот кога ќе биде оладен. Потоа ставете го во фрижидер да се стегне.