Еклери со фил од јајца

Состојки
- 1 шоља вода
 - 1/2 шоља масло
 - 1/3 лажичка сол
 - 200 гр. брашно
 - 4 јајца
 - 500 мл. млеко
 - 2 јајца
 - 7 лаж шеќер
 - 2 лаж брашно
 
Подготовка
Водата маслото и солта доведете ја до точка на вриење, па додадете го брашното и мешајте додека се направи топка и почне да се одделува од тенџерето.
Нека се олади да додадете му ги јајцата едно по едно мешајки по секое додавање.
Нанесете еклери со лажица во тепсија и печете на 225 степени 20 мин.(рерната никако не ја отварајте)
Ладни се сечат на пола и се полнат со фил кој се припрема на следниов начин.
Јајцата нежно изматете ги па додадете ги останатите состојки и варете додека добиете фил со посакуваната густина.
Одозгора еклерите посипете ги со стопено чоколадо.