Испечати

Похувана риба со пиво

Похувана риба со пиво

Состојки

  • 8 филете риба
  • 330 мл. пиво
  • 350 мл. брашно (мери во мензура)
  • неполна лажичка прашак за печиво
  • 1/2 лажичка сол,бибер

Подготовка

Филетите повегетете ги, побиберите и увалкајте во брашно
Сите состојки за поховање убаво изматете ги(ќе биде малку погусто од палачинки)
Рибата умакајте ја во смесата за поховање и пржете во загреано масло (3-4 прста длабоко) прво од едната страна 3-4 мин.па од другата.
Вадете на книжна салветка да се впие вишокот маснотија
Компирот направете го помфрит и уживајте