Испечати

Егзотик торта

Егзотик  торта

Состојки

  • потребно за кора1 од истите состојки се прават и кора2 и кора3
  • 10 белки
  • 13лаж шекер
  • 1лаж оцет
  • 150гр сецкани ореви
  • 8лаж брашно
  • крем1
  • 15 жолчки
  • 500 грама чоколада
  • 250гр прах шекер
  • 1 маргарин
  • крем2
  • 15 жолчки
  • 10лаж шекер
  • 500 грама млеко
  • 3 пудинг од ванила
  • 250гр прах шекер
  • 1 маргарин
  • крем 3
  • 1л хопла

Подготовка

Се матат белките, постепено се додава шеќерот се мати додека смесата не се згусти се додава оцетот, оревите и брашното. Се пече во голем плек од електричен шпорет обложен со хартија за печење.

Подготовка на крем 1
Се матат жолчките со миксер, па се стават во тенџере на пареа и се меша да се згусти смесата околу 15 мин, потоа се додава чоколадата се остава да се олади смесата и потоа се спојува со 1 маргарин претходно изматен со шеќер во прав.

Подготовка на крем2.
Се матат жолчките со шеќерот се става во тенџере на пара да се згусти кремот, па се остава да се олади. Од млекото и пудингот се вари густ крем и тоа се остава да се олади. Кога е се оладено се спојуват и двете смеси со маргарин претходно изматен со шеќер во прав.

Подготовка на крем 3
Се мати хоплата и од хоплата се додава по 4 лажици и во двата крема
Редослед на редење.Кора,крема1,крема2, крема3 кора и тн...