Испечати

Лиснати триаголници

Лиснати триаголници

Состојки

  • 1 кг. брашно
  • 300 мл. млако млеко
  • 200 мл. млака вода
  • 200 мл. масло
  • 2 коцки свеж квасец
  • 1/2 кесичка пециво
  • 1 лажица сол
  • 1 лажица шеќер
  • Фил*
  • 200 гр. маргарин
  • 300 гр. сирење или (200 гр печеница и 200 гр.кашкавал)
  • 3 жолчки
  • 1 лажиче сол
  • За премачкување*
  • 2 белки или 1 жолчка со малку млеко
  • За посипување*
  • по желба сусам,ким,црн сусам....

Подготовка

1. Млекото малку се загрева, се двои 100 мл. и внатре се ставаат двата квасеца и една лажица шеќер се разматува убаво и се чека 10 мин. квасецот да стаса.
2. Во сад за месење се става брашното се става 1 лажица сол, стасаниот квасец и сите други состојки и се замесува тесто кое не се лепи за раце. Не треба многу да се меси затоа што тестото ќе стане жилаво.
3. Се покрива со крпа и се остава на топло 1 час.
4. Во меѓувреме го подготвуваме филот.
Маргаринот го матиме заедно со жолчките, а во друг сад го дробиме сирењето или (саламата и кашкавалот ги рендаме или ситно ги сечкаме)
5. Стасаното тесто го делиме на 2 или 3 дела во зависност од тоа колкави сакаме да ни бидат тријаголниците помали или поголеми и маргаринот го делиме на исто толку делови и на набрашнета работна маса развлекуваме правоаголна кора со дебелина од 3 мм.
6. По целата површина се мачка со маргаринот и се става од филот.
7. Кората се завиткува во ролат и се сече на триаголници.
8. Триаголниците се ставаат во намастена тава и се оставаат така да седат 10 мин.
9. Пред печење се премачкуваат со белки или со жолчка разматена со малку млеко се посипуваат со сусам, ким и се ставаат да се печат во загреана рерна на 200 Ц. додека не добијат убава боја.

....Јас ги направив пола со сирење пола со печеница и кашкавал и не знам кое е повкусно и двете варијанти ми се убави...