Испечати

Еклери со фил од пудинг

Еклери со фил од пудинг

Состојки

  • 150гр масло
  • 400гр вода
  • 200гр брашно
  • 5 јајца
  • 1л млеко
  • 3 пудингаод ванила
  • 10лаж шекер

Подготовка

Се става да зоврие водата и маслото, потоа се додава брашното и убаво се меша смесата да почне да се одлепува од тенџерето и се остава да олади. Кога е оладено се мати со миксер со перките за тесто и постепено се додава едно по едно јајцата. Потоа со помош на шприц се прават еклерите во тавче за печење. Се печат и се остават да оладнат, потоа се пресекуват преку средина и се полнат со крем.

За кремот
се става млекото со шеќерот да зоврие, а во еден мал дел од млекото се раствара пудингот кој се сипува во врелото млеко и се прави густ крем кој се остава да олади.