Плескавици со месо и шампињони
Состојки
- 600 грама пилешко или мелено месо по желба
- 1 главица кромид
- 3 чешниња лук
- 1 јајце
- 1 лажичка сув магдонос
- 300 грама шампињони
- 1 поголем компир
- 1 лажичка сол
- 1 лажичка вегета
- 1 лажичка сенф
- 3 лажици пченкарно брашно
- 3 лажици лебни трошки
- 7-8 лажици зејтин
Подготовка
Во длабок сад ги рендаме на ситната страна од рендето, кромидот, лукот и компирот. Ги сецкаме ситно печурките. Го додаваме месото и другите припремени состојки и зачините. Добро промешуваме, може и со лажица. Во тава го загреваме зејтинот и со голема лажица земаме од смесата и ставаме да се пржат плескавиците. Се надевам дека ќе ви се допадне оваа моја идеја за ручек, ние дома ги сакаме овие плескавици.