Сладолед од праски
Состојки
- 250 мл. слатка павлака
- 300 гр. праски
- 75 гр. шеќер
- 20 гр. бадеми
Подготовка
1. Измиените и излупени праски ги сечкаме и ги ставаме во мало теџере малку да се продинстаат колку да омекнат, а потоа ја цедиме водата и ги пасираме.
2. Одма во жешките праски го додаваме шеќерот да се растопи и мешаме со лажица.
3. Ги додаваме ситно исечканите бадеми и оставаме смесата да се олади.
4. На страна ја матиме слатката павлка додека не стане цврста и потоа ја соединувме со оладените праски и се заедно матиме со миксер.
5. Ја ставаме смесата во машина за сладолед(20-30 мин.) и не мора ако немаме и сладоледот го ставаме во пластичен сад и во замрзнувач.
.....Сезона е на сладоледи, па еве еден овошен сладолед кај кој праските даваат свежина на овој едноставен сладолед, па кој сака праски, а тука спаѓам и јас- просто ги обожавам - нека проба ))