Видео рецепт: Фрити од тиквички и нане со таратур
Состојки
Фритите се едноставни мали палачинки кои можете да ги измешате со овошје или зеленчук и да направите едноставен лесен ручек. Овде користиме неколку летни вкусови кои се извонредни за брзо јадење на сонце.
Состојки
- 450 грама брашно
- 500 милилитри млеко
- 2 јајца
- 1 кафена лажичка прашок за пециво
- 1 тиквичка
- Една рака нане
За тараторот ќе Ви треба:
- 250 милилитри јогурт
- 1 краставица со средна големина
- 2 чешниња лук
- Исто така ќе Ви треба и сол и бибер и маслиново масло.
Подготовка
Чекор 1: За да ја направите смесата за фритите, ставете ги заедно млекото, брашното и прашокот за пециво, додадете ги јајцата и убаво измешајте за состојките да се спојат... Кога ќе завршите, изрендајте ја тиквичката во смесата и ставете го исечканото нане. Ставете сол и бибер и добро измешајте.
Чекор 2: За да го направиме таратурот, едноставно рендаме краставица со средна големина и 2 чешниња лук и ги мешаме со густ јогурт… Додадете сол по вкус.
Чекор 3: ВРЕМЕ Е ЗА ФРИТА: Загрејте ја Делимано тавата за палачинки и во неа ставете 2 лажици од смесата… Фритите треба да бидат малечки…. Превртете ги по неколку минути и пржете ги од двете страни додека убаво да се испржат внатре. Повторете ја постапката уште неколку пати... Препорачуваме на сите присутни да ѝм послужите по 3 до 4 фрити.
Чекор 4: Време е за сервирање: Наредете ги фритите на купче врз подлога од сечкана краставица и послужете ги со таратор како прилог.
СОВЕТ: Толку едноставно и ПОЛНО со вкус… Фритите се лесни и вкусни... Едноставно можете да експериментирате со разни вкусови, како слатки така и солени… Цреши и јагоди, ИЛИ ПАК моркови и билки?
Користени Делимано садови за подготовка на овој рецепт: Тава за палачинки