Гаспаќо
Состојки
- 1 кг домати
- 1/2 зелена пиперка
- 1/2 жолта пиперка
- 1 краставица со средна големина
- 1 главица кромид
- 2 чесниња лук
- 1/2 лажиче мелен ким
- 1/2 лажиче чили
- сок од 1/2 лимон
- сол и бибер
- 1 лажица оцет
Подготовка
1. Доматите се лупат, исто и краставицата и кромидот.
2. Се ставаат во блендер со пиперките, лукот, солта, биберот, кимот, чилито, сокот од лимон и оцедот. Добро се микса.
3.С е става во фрижидер да се излади.
4. се служи со коцкички леб испржен на маслиново масло со лук.
Ова е извонредно освежително предјадење за летните денови. Го правам често, зашто е диетално, а полно со витамини.