Баба Гануш
Состојки
- 2 модри патлиџана
- 2 лажици таан
- сок од 1/2 лимон
- 2 лажици јогурт
- 1 чесне лук
- 1 лажиче сол
- 1/2 лажиче бибер
- 5 лажици печен сусам
- 10 маслинки
Подготовка
1. Се печат патлиџаните и се лупат.
2. Во блендер се мелат патлиџаните со сокот од лимон, таанот, лукот, солта, биберот и сусамот.
3. По вадење од блендерот се додава јогуртот и се измешува.
4. Се укрсува со маслинките.
Ова е нешто како малиџано, ама сепак поинакво. Убаво е и може да се служи како предјадење со сирење и тортиљи.