Белисимо торта
Состојки
- 1 и 3 кора
- 5 јајца
- 10лажици шеќер
- 10лажици млени лешници
- 3лажици брашно
- 1лажица какао
- 2 кора
- 5 белки
- 200гр шеќер
- 200гр сецкани лешници
- 2лажици брашно
- 2лажици зејтин
- фил
- 5 жолчки
- 3кесички пудинг од ванила
- 250гр шеќер
- 250гр маргарин
- 250гр шеќер во прав
- 100гр чоколада за кување
- 18 чоколатца белисимо
- 1/2литар хопла
- 1литар млеко
Подготовка
1и3кора
се матат јајцата со шеќерот па им се додаваат останатите состојки и се печат кори на хартија во плех 40
2кора
5белки се матат во цврст снег,им се додава шеќерот и убаво се мати,се додаваат сецканите подпечени лешници измешани со брашното,зејтинот и се пече кора на хартија во истиот плех
фил
Се вари крем-млекото се вари на оган со 250гр шеќер и одкако ќе зоврие му се додаваат пудинзите растворени во малку млеко и изматени со 5жолчки па се вари крем.Маргаринот се мати со шеќерот во прав и одкако ќе се олади кремот се соединуваат.Филот се дели на 2дела
едниот останува жолт а во другиот се додава 100гр топена чоколада.
Тортата се реди-
1кора-црн фил-2кора(со белки само)-жолт фил-белисимо-жолт фил-3кора-црн фил-хопла
Тортата е доста голема и погодна е за родендени и др прослави.