Испечати

Ролатчиња со урда

Ролатчиња со урда

Состојки

  • 500 грама млеко
  • 1 квасец
  • 1лаж шекер
  • 1лаж сол
  • 2 јајца
  • 3фил масло
  • по потреба брашно
  • 200гр маргарин
  • за филот
  • 500 урда
  • 2 јајца
  • по потреба сол

Подготовка

Се замесува тесто до млекото, масло, квасецот, 2 јајца, сол, шеќер и брашно. Се остава да стаса. Потоа тестото се поделува на два дела, секој дел се посебно се расукува во вид на правоаголник и се премачкува со по 100 гр маргарин. Се става од филот претходно (урдата измешана со јајцата и ако не е солена се додава сол по вкус). Се замотува ролатот и се сече на парчиња со дебелина 2см се редат во подмачкан плек со масло во легната положба. Доколку ролатот не го сакате со урда можете да го направите и со сирење.