Бомбици со лешник
Состојки
- 200 грама бисквити
- 100 грама кокос
- 150 грама лешник
- 200 грама маргарин
- 100 милилитри млеко
- 400 грама шеќер во прав
Подготовка
Сите состојки се мешаат.Малку се замесува, па правиме бомбици.Во секоја ставаме по еден лешник и на крај ги валкаме во кокос.По желба може да се декорираат со чоколаден прелив.
Бидејќи скоро сите пакувања бисквити се од по 300 или 400 грама, земам уште 200 грама ги кршам им додавам една банана и шеќер .Од таа смеса исто правам бомбици и ги валкам во кокос.
Кога ќе се послужат ќе има различни вкусови.