Испечати

Солени бомбици

Солени бомбици

Состојки

  • 500гр сирење
  • 100гр пропржен сусам
  • 250гр варен компир(2поголеми компири)
  • 150гр ситно рендана шунка
  • 1лажица сенф

Подготовка

Сирењето се гмечи со вилушка а потоа се соединува со ренданиот компир,пропржениот сусам, шунката и убаво се меша додека се соедини. Се формираат бомбици по желба може помали, поголеми и се валкаат во рендано сирење, сусам или сецкан магдонос. Многу се декоративни и може да послужат како декорација кон ордевер,печење....