Пијани тулумби
Состојки
- тесто
- 1 канче вода
- 1/2 филџан зејтин
- 1-2 лажици ракија
- 1,5 канче брашно
- 3 лажици густин
- 5-6 јајца
- шербет
- 1200гр шеќер
- 1л вода
- 1 лимон
- 2 ванили
Подготовка
Јас за тулумбите си мерам со канче од кисело млеко (500мл).
Водата и зејтинот ги ставаме на оган и откако зоврие се додава ракијата. За 10сек. се трга од оганот, во него го додаваме брашното, густинот и пецивото и се меша со дрвена лажица додека не почне да се одлепува од тенџерето. Се остава на стана да се излади. Откако се излади се ставаат јајцата едно по едно и се меси со рака. Тестото се остава да отстои 30мин.
Се вари шербетот и се остава сосема да се излади.
Тестото се става во шприц за тулумби и се пржат во врел зејтин а потоа одма се ставаат во изладениот шербет, да постојат малку се вадат од шербетот и се редат во плех.
Се става ракијата за да бидат по воздушасти.