Испечати

Tорта ``Горица``- торта со афион и ореви

Tорта ``Горица``- торта со афион и ореви

Состојки

  • Тесто1
  • 5 јајца
  • 5 лажици шекер
  • 5 лажици трошки
  • 300-350 гр толчени ореви
  • Тесто 2
  • 4 јајца
  • 5 лажици шекер
  • 1 кесиче ванилин шекер
  • 200 гр мелен афион
  • тесто 3
  • 5 јајца
  • 200гр шекер
  • 6 лажици брашно
  • крем 1
  • 300мл свеж крем (слатка павлака)
  • 500гр мелени ореви
  • 200гр шекер во прав
  • крем 2
  • 600мл цвеж крем(слатка павлака)
  • 250гр чоколадо за готвење
  • 2 лажици рум

Подготовка

тесто1.
Се матат јајцата со шеќерот и се додаваат трошките и оревите. Се пече во тепсија отприлика 40на30цм.

Тесто2
Се матат јајцата со шеќерот се додава мелениот афион. Се пече во истата тепсија

Тесто 3
Се матат јајцата со шеќерот и се додава брашното. Се пече во истата тепсија.

Крем 1.
Се меша свежиот крем со оревите и шеќерот. Се става врз првото тесто.
Се става второто тесто. Се покрива со половина од вториот крем. Се става третото тесто.
Се премачкува со половината слатка павлака помешана со стопено чоколадо. Се посипува со мелени ореви.

Пријатен апетит