Панцероти
Состојки
- 500 гр. брашно
- 1 јајце
- 200 мл. млеко
- 1 квасец
- 1 лажица масло
- 1 лажичка сол
- 300 гр. кашкавал
- 200 гр. шунка
Подготовка
Млекото се затоплува,се додава малку шеќер и коцка квасец. Се остава додека квасецот не се растопи. Се замесува тесто и се остава на топло половина час. Се премесува и се сучи кора. Се вадат форми. На средина се става од филот, краевите се премачкуваат со вода, се затвораат и се притиска со виљушка за убаво да се спојат. Се пржат на загреано масло.