Испечати

Слатко од цреши

Слатко од цреши

Состојки

  • Слатко
  • 1 кг. цреши
  • пола филџан (од кафе) вода
  • пола пакетче лимонтос
  • 1 пакетче ванила
  • Шербет
  • 1 кг. шеќер
  • 1 чаша од 200 гр. вода

Подготовка

1. Најпрво треба да ги извадите семките од црешите. Потоа во тенџере на оган треба да ги ставите состојките кои се потребни за шербетот, во шербетот ќе ги додадете црешите и истите ќе ги варите 30 - 40 минути. 15 минути пред да се тргнат црешите и шербетот се додаваат состојките за слаткото и стојат на оган колку малце да провријат сите состојки.
2. Кога се тоа ќе биде готово тенџерето се трга на страна и се протресува, а потоа се вади пената која се насобрала на горниот дел и се покрива со намокрена крпа со вода која што треба да стои до другиот ден.
3. И на крај слаткото се собира во тегли.