Испечати

Видео рецепт: Сендвич со печен зеленчук и сирење

Видео рецепт: Сендвич со печен зеленчук и сирење

Состојки

    Е ова е сендвич... Брз и лесен за правење, но ќе Ви го задоволи сетилото за вкус и апетитот до крајот на денот. Прекрасна комбинација на сочен и шарен зеленчук и фино солено сирење совршени за печење.

    Состојки

    • 2 големи земички
    • 1 тиквичка
    • 1 модар патлиџан
    • грст чери домати
    • 200 грама тврдо сирење
    • сол и бибер
    • маслиново масло

    Подготовка

    Чекор 1: Време е за сецкање: Тиквичката исекајте ја на мали коцки... Потрудете се тие да бидат со приближно иста големина.

    Потоа и модриот патлиџан исечкајте го на ист начин.

    И на крај, сирењето... Исечкајте го на коцки, и ако е можно коцките треба да бидат со приближно иста големина.

    Чекор 2: Рерната загрејте ја на 160 степени и во тавата за рерна рамномерно распоредете го сиот зеленчук и сирењето… Одлична комбинација на бои…

    Зачинете ги со маслиново масло, сол и бибер и спремни сме за печење.

    Чекор 3: Ставете ја тавата во рерна 20 минути додека зеленчукот да добие малку боја и сирењето да стане златно румено.

    Чекор 4: Сервирајте со голема бела земичка и убаво наполнете ја со филот… Спремни сте за ручек.

    СОВЕТ: Лесно можете да го направите овој рецепт за неколку пријатели, да го сервирате филот на маса и да ги оставите сами да си направат сендвичи...
    А зошто одозгора да не ставите и суви билки за дополнителен вкус?

    Користени Делимано садови за подготовка на овој рецепт: Ростер
    Ростер