Телешка салата
Состојки
- 300гр телешко месо
- 50гр лук
- 50гр мајонез
- 30гр сенф
- 100гр кисели краставички
- 2супи крем супа од печурки
Подготовка
Месото се варе убаво, a посебно се варе супата од печурки со 500гр вода,лукот се сече на ленти и се става во месото и краставичките се сечат на кругови и се ставаат,а супата со кутлач малку по малку се додава во месото.Од кога ке се поизлади се додаваат сенфот и мајонезот,салатата е убава и ладна и топла,по желба.