Топено благо со кокос
Состојки
- 4 јајца
- 1фил.за млеко шекер
- 8 лаж. млеко
- 8 лаж. зејтин
- 1 фил. за млеко гриз
- 1 фил.за млеко кокос
- 1фил.за млеко брашно
- 1 пакетче пециво
- шербет
- 4фил.за млеко шекер
- 4 фил.за млеко вода
- 1 пакетче ванилка
Подготовка
Jајцата и шеќерот се матат убаво со миксер. Потоа се додава млекото, маслото, гризот, кокосот, брашното и пецивото сето се мати ама со лажица. На намрсен плех бр.30 се истура смесата за торта и се пече во веќе загреана релна на 180 степени. Во тенџере на оган се става да зовријат шекерот и водата .Треба да вријат додека шербетот малку да се здебели околу 20 мин.потоа пред да го тргнеш од оган се додава ванилката. Готовата изладена торта се сече на парчиња и топол шербетот се полива.Се наросува со кокос.