Ќофтиња од леќа
Состојки
- 1 шоља варена леќа
- 1 шоља варен ориз
- 1 шоља варен и рендан морков
- 2 јајца
- 1/2 шољичка зејтин
- 2-3 парчиња средина од бајат леб, натопени во млеко
- 2-3 млади кромитчиња (може праз место кромидчиња) ситно сецкани
- 1 лажиче зачин кари
- сол и бибер
Подготовка
1. Сето ова се меси заедно.
2. Се паравт ќофтенца и се редат во тавче прекриено со брашно.
3. Се печат 35 мин. на 200 ст.
Овие интересни ќофтенца се погодни за деновите на пост или за вегетаријанци, едноставно, за да се внесе разноличност во исхраната. Тогаш се прават без јајца и ништо не губат од вкусот, а ниту пак се распаѓаат при печењето.
На сликава кофтенцата се со Пролетните топчиња на милица и во комбинација се одлично предјадење.