Испечати

Сармички со лозов лист

Сармички со лозов лист

Состојки

  • 500гр мелено месо
  • 2 морков
  • 1 кромид
  • 100гр ориз
  • 1лаж вегета
  • малку бибер
  • малку сол
  • малку магдонос
  • одприлика масло
  • 20 лист од лоза обарен
  • 1 кисело млеко или павлака

Подготовка

Кромидот се пржи да зарумени,се ставаат морковот,магдоносот,потоа меленото месо и се зачинуваат со сол бибер, вегета и се додава измиениот ориз. Сето ова вака подготвено се замотува во листот од лоза. Се ставаат во тава за печење се поливаат со зачинета вода топла и се потпечуваат во рерна. Се служи со кисело млеко или павлака.
Добар апетит...