Пченкарни солени мафини
Состојки
- 6 јајца
- 1 лаж сол
- 300 мл јогурт
- 100 мл масло
- 100 гр пченкарно брашно
- 300 гр обично брашно
- 1 пециво
- 600 гр спанак
Подготовка
Јајцата се матат со солта, потоа се додават останатите состојки (спанаќот се става последен)
Смесата се полни во калапите и се печат мафините на 200 степени околу 20-25 минути да заруменат убаво одозгоре. Ако сакате може да ги посипете со сусам одозгора пред печење. Се вадат од рерна и се остават убаво да се оладат па се украсуваат со павлака.