Леќа со макарони
Состојки
- 200 гр леќа
- 200 гр макарони
- 2 чешниња лук (или лук во прав)
- 1 морков
- малку магдонос
- 1/2 лаж. црвена пипер, сол, зачини (вегета, бибер, оригано... по желба), малку брашно
- 3 лажици масло
Подготовка
На умерена температура леќата со ситно исецканото лукче и 3 лажици масло ја вариме некои 15 минути. Се додаваат изрендани морковот и магдоносот. По 5 минути се додаваат макароните и зачините(без црвената пипер). Се доварува додека се сварат макароните со повремено промешување. Пред крај,во малку ладна вода ја раствораме црвената пипер и малку на врв на лажица или половина (зависно колку сакате да ви е густо, спрема количината вода која сте ја оставиле или одредиле) брашно. Се остава да повари на исклучена рингла.
Добар апетит!
Рецептот е за „кампањата„ на лилјанаилиева-Јадете чорбесто ))