Испечати

Торта со банани

Торта со банани

Состојки

  • кора
  • 4 јајца
  • 4 лаж шеќер
  • 3 лаж брашно
  • пола пециво
  • 4 лаж рендано чоколадо
  • фил
  • 1 лт млеко
  • 3 пудинга од ванила
  • 12 лаж шекер
  • 3 ванили
  • 250 гр маргарин
  • 3 банани

Подготовка

За кората:
се матат јајцата со шеќерот, па се додават брашното пецивото и чоколадата. Се печат 2 вакви кори.

За филот:
се вари пудингот, кога ќе се олади му се додава претходно изматен маргарин. Се филува по овој редослед кора-фил-ред банани-фил-кора. Одозгора се украсува по желба. Јас мојата денес ја украсив со фондан маса бидејки беше со повод.