Двобојни коцки
Состојки
- прва кора
- 5 белки
- 150гр шеќер
- 150гр мелени ореви
- 2лажици брашно
- втора кора
- 5 белки
- 150гр шеќер
- 150гр кокос
- 2лажици брашно
- 2лажици зејтин
- фил
- 10 жолчки
- 1л млеко
- 200гр шеќер
- 2кесички пудинг од кокос или ванила
- 250гр маргарин
- 200гр ѓеќер во прав
- 100гр чоколада за кување
Подготовка
Се прави цврст снег од белките, па полека се додаваат другите состојки, се промешува убаво и се пече во плех на хартија. На исти начин се прават двете кори
Фил
Се вари крем во млекото од двата пудинга и 10 жолчки изматени со 200гр шеќер. Маргаринот се мати со шеќерот во прав и се додава кон оладениот фил. Филот се дели на два дела, едниот останува жол, а во другиот се додава растопената чоколада. Се реди кората со ореви па жолт фил, кора со кокос, бел фил и одозгора по желба може кокос, може чоколаден прелив.
Јас овде го искористив црниот фил и рендана бела чоколада.