Палачинка со рум и крем
Состојки
- Тесто*
- 250гр брашно
- 2 јајца
- 400мл млеко
- 200мл кисела вода(или млеко)
- 1 лајче шеќер
- 1 лажица рум
- 1 лажица масло
- малку сол,и кора од лимон
- Крем*
- 400гр вишни,јагоди....
- 200гр шеќер
- 2лажици маргарин
- 2лажици нишесте
Подготовка
1. Сите состојки измешајте ги за тестото и излијте ги во големиот плех од релната кој е претходно добро намрсен. Се печи на 220ц -20мин.
2. Крем
Шеќерот се пржи да се карамелизира, се додаваат измиксаните вишни, јагоди....и се вари 10мин. Настрана се меша 2лажици нишесте со малку вода, се додава во кремот и се вари уште 2мин. И кремот е готов.
3. Тестото се сечи по желба и се филува.
Пријатно!