Овошен јогурт
Состојки
- 1 литар вода
- 2 пудинга од ванила
- 15 лажици шеќер
- 700мл јогурт
- 200г-овошје вишни,јагоди,банани...
Подготовка
Се мешаат двата пудинга со 15 лажици шеќер и се вари со 1 литар вода. Се лади пудингот и се миксира со јогуртот. Настрана се блендираат вишните, јагодите....и се додава во двете измешани смеси. Уште веднаш може да се јади. Пријатно!
п.с. Верувајте ист е како купениот овошен јогурт од продавница.