Лазањи на мој начин
Состојки
- 500 гр мелено месо
- 500 гр пакување тетовски јувки
- 1 главица кромид
- 500 мл доматно пире
- 200 гр кашкавал
- 1 лаж. сол
- малку бибер
- малку оригано
Подготовка
Се варат јувките и откако ќе се сварат се ставаат во плехче полиено со малку доматно пире.Во тава се пржи кромидот па се додава меленото месо.Откако се добро ќе се испржи се додава доматното пире,сол,бибер и се допржува смесата.
Потоа филот се додава кај јувките и се добро се промешува.Одозгора се реди кашкавалот ,се става во загреана релна на 230 С.
Се пече додека не поцрвени кашкавалот.
Добар апетит